дома информација вест СЗО „дига раце“ од пандемијата – контрола врз ширењето е одамна изгубена

СЗО „дига раце“ од пандемијата – контрола врз ширењето е одамна изгубена

727
0

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на КОВИД-19.

Како што рече, корона вирусот во моментот е закана број еден во светот.

Пред Генералното собрание на ОН, Гутереш неуспехот на меѓународната заедница го препиша на недостатокот од глобална подготвеност, соработка и солидарност, пренесува „Асошиетед прес“.

Генералниот секретар на ОН посочи дека повеќе од 30 милиони луѓе досега се заразиле од коронавирус во светот и дека речиси милион пациенти им подлегнале на последиците од болеста.

Воедно, предупреди дека вирусот сè уште не е ставен под контрола.

Извор: Нова Македонија