Хелен Балфорс, раководителка на проектот во норвешкиот конгломерат Оркли, работи од дома подолго отколку повеќето нејзини колеги откако се врати од скијање во Италија во февруари, во време кога новиот коронавирус започна да се шири низ цела Европa.
Мајката на три деца изјави дека иако нејзината компанија отсекогаш поттикнувала добар баланс помеѓу приватниот и деловниот живот, некои менаџери побарале од своите вработени да работат во канцеларија пред да избие пандемијата.
Но, тие сфатија дека работата од дома се врши исто толку добро – рече таа.
Ми требаше само еден дополнителен монитор и тастатура од канцеларијата, што ги добив за неколку дена.
Добро развиената дигитална инфраструктура им помогна на нордиските економии да ја преживеат пандемијата подобро од поголемиот дел од Европа.
Британската економија се намали за околу една петтина во вториот квартал, Шпанија падна за 18,5 проценти, а еврозоната како целина за 11,8 проценти.
Од друга страна, БДП на Финска паднала за само 4,5 проценти, додека Шведска и Норвешка забележаа нешто поголем пад од 8,3, односно 6,3 проценти.
Подобрата дигитална инфраструктура значи дека можеме да работиме побрзо од дома. Инфраструктурата постои и ние сме навикнати да ја користиме, рече Роберт Бергквист, главен економист во шведската банка СЕБ.
Тоа помогна во зачувување на производството и потрошувачката.
Данска, Шведска, Финска и Холандија имале најнапредни дигитални економии во Европската унија во 2018 година, според истражувањето на Европската комисија, засновано на поврзаност, човечки капитал, употреба на Интернет и распространетоста на електронската трговија.
Нордиските земји, седиштето на Ериксон и Нокиа, биле на врвот на Европа во однос на работата од дома и пред пандемијата.
Извор: Канал5