Според Би-Би-Си, поради техничка грешка во системот, биле изгубени податоци за околу 16.000 потврдени инфекции со корона вирус.
Грешката значи дека од оние на кои им било потврдено дека имаат инфекција со корона не биле побарани контакти, но им било кажано дека се позитивни.
Министерот за здравство Мет Хенкок рече дека таквата грешка „не требаше да се случи“
Грешката во британскиот здравствен систем била присутна од 25 септември до 2 октомври, при што се пријавени околу 16 000 помалку заболени отколку што навистина имало.