дома информација вест И Британците грашат: Изгубиле податоци за околу 16.000 заразени со КОВИД19 бидејќи...

И Британците грашат: Изгубиле податоци за околу 16.000 заразени со КОВИД19 бидејќи не ги внесувале во ексел табелата за пресметка

571
0

Според Би-Би-Си, поради техничка грешка во системот, биле изгубени податоци за околу 16.000 потврдени инфекции со корона вирус.

Грешката значи дека од оние на кои им било потврдено дека имаат инфекција со корона не биле побарани контакти, но им било кажано дека се позитивни.

Министерот за здравство Мет Хенкок рече дека таквата грешка „не требаше да се случи“

Грешката во британскиот здравствен систем била присутна од 25 септември до 2 октомври, при што се пријавени околу 16 000 помалку заболени отколку што навистина имало.