Во времето на нашите баби не постоеле скапи шампони, регенератори и слични препарати, поради што жените на различни начини успевале да ја одржат својата коса негувана и убава.

Покрај шампони за побрз раст на косата од разни растенија, за таа цел се користела и стара добра ракија.

Благодарение на тоа што ракијата ја поттикнув циркулацијата, може да биде одличен сојузник кога станува збор за убавината на косата и негата на скалпот.

  • Зошто ракијата се применува на темето?

Покрај тоа што ја подобрува циркулацијата, ракијата е моќно средство за чистење на кожата, кое им е потребно на многу жени денес.

Имено, поради секојдневното користење на разни хемиски пакувања, балсами, спрејови за коса, пени, креми и гелови за стилизирање на фризури, често страда скалпот.

Ваквите третмани може да ги затнат порите, што дополнително може да доведе до послаб квалитет на косата, забавен раст, па дури и губење на косата, како и првут.

Затоа, одвреме-навреме е потребно целосно чистење на кожата од нечистотии и хемиски препарати, а ракијата е најевтиното и најздравото решение.