Магазинот „Форбс“ја објави листата на најплатени јутјубери во 2021 година

На првото место годинава се најде Џими Доналдсон, познат како mr. Beast.

Џими го надмина и 10-годишниот рецезент на играчки Рајан Каџи, кој последните две години беше на врвот на листата.

Неговите видеа на youtube имаат над 10 милијарди прегледи, а му донесоа заработка од 54 милиони долари, што е повеќе од заработката на најдобрите спортисти во светот, како на пример Лео Меси и Леброн Џејмс, кои лани заработија по околу 40 милиони долари.

Платформата youtube во 2021 година имала 2,3 милијарди корисници низ светот, а првите 10 најплатени јутјубери имале приход од 300 милиони долари…