Психијатарот Амелија Алвин објаснува дека физичкото враќање во канцеларија ќе ја олесни здравата дневна рутина: станување, патување на работа, работа во различна средина, враќање дома.
Ова придонесува за создавање покреативна и поактивна рамнотежа помеѓу приватното и деловното работење.
Кога работиме од дома, границата помеѓу двете е замаглена, што доведува до исцрпеност, летаргија и уште потешки симптоми на депресија.
Но, кога сме принудени да станеме, да се подготвиме за работа, да направиме дневен план, да комуницираме со другите, да доживееме различни стимули и физички да го одделиме деловниот живот од приватниот, тоа може да биде од голема помош во одржувањето на менталната рамнотежа и подигнување на расположението.