Земете го, на пример, едногодишна голема дога. Од раѓање до првиот роденден, оваа раса добива тежина до 100 пати, додека, да речеме, тежината на волкот се зголемува 60 пати, пудлица 20 пати, а на човекот само три пати.

Поради ненадејниот и брз раст, може да настанат разни физички проблеми, особено неправилниот развој на коските, колковите и ‘рбетот.

Друга теорија е дека поголемите раси стареат побрзо.

Гигантските раси се повеќе склони кон здравствени проблеми, како и пречки во развојот.

Имаат почести заболувања на мускулите и гастроинтестиналниот тракт, како и тумори.

Во прилог на проблемот со брзиот раст, има и несакани ефекти од селективно одгледување кучиња со цел да се добијат што е можно поголеми раси.