Пациентите со коронавирус кои се опоравиле природно од вирусот и се здобиле со природен имунитет наспроти вакцинација, имале многу помалку шанси да се заразат за време на последниот бран на пандемија, наспроти луѓето кои биле вакцинирани против КОВИД-19, според бројките презентирани до израелското Министерство за здравство.
Податоците на Министерството за здравство за бранот на епидемии на КОВИД-19 кои започнаа овој мај покажуваат дека Израелците со имунитет од природна инфекција имаат далеку помала веројатност да се заразат повторно во споредба со Израелците кои имале имунитет само преку вакцинација.
Откриени се повеќе од 7.700 нови случаи на вирус за време на најновиот бран што започна во мај. Само 72 од потврдените случаи беа пријавени кај луѓе за кои се знаело дека биле претходно заразени. Тоа е помалку од 1% од новиот случаи.
Околу 40% од новите случаи – или повеќе од 3.000 пациенти – вклучувале луѓе кои биле заразени и покрај тоа што биле комплетно вакцинирани против КОВИД-19.
Со вкупно 835.792 Израелци за кои се знае дека се опоравиле од вирусот – 72 случаи на реинфекција изнесуваат 0,0086% од луѓето кои веќе биле заразени со КОВИД-19.
Спротивно на тоа, Израелците кои биле вакцинирани имале 6,72 пати поголема веројатност да се заразат по вакцинацијата отколку по прележување на инфекцијата, со над 3.000 од 5.193.499, или 0,0578% од Израелците кои биле вакцинирани, се заразиле во последниот бран.
Според извештајот на Канал 13, оваа информација дека природен имунитет наспроти вакцинација ги дала забележаните резултати ги збунил, и поделил, експертите во Министерството за здравство, при што некои велат дека податоците докажуваат повисоко ниво на имунитет обезбеден од природна инфекција наспроти вакцинација, додека други останале неубедени.