Покрај вода, чајот е течност што се пие најмногу. Сепак, експертите предупредуваат дека овој пијалок, кој генерално влијае позитивно на здравјето, може да биде штетен и за организмот, во зависност од состојките што ќе ги додадеме во него.
Шеќер или вештачки засладувачи
Иако најмалку ни се допаѓа, чајот е најздрав кога не додаваме ништо на него.
Засладувачите се подобар избор од шеќерот, но американската Администрација за храна и лекови советува да се ограничи и нивната употреба.
Ако навистина не можете да пиете чај што не е сладок, ставете лажичка мед.
Млеко
Многумина од нас сакаат да додаваат млеко во чајот, но некои истражувања покажаа дека не е најдобрата комбинација, особено ако чајот се пие со цел да се спречат кардиоваскуларни заболувања.
–Со додавање на варено кравјо млеко во чајот, го намалуваме неговиот позитивен ефект, т.е. ефектот што го има врз релаксацијата на крвните садови, велат резултатите од истражувањето објавено во Европски кардиоваскуларен журнал.
Лимон
Ако сакате чајот да го освежите со лимон, додајте го само кога ќе ја извадите вреќата.
Лимонот ја намалува pH вредноста на чајот, што помага металите полесно да се испуштаат во чајот.