Вистината е многу очигледна, но лагата е уште повеќе. Затоа во македонскиот јазик постои поговорка: На лагата и се кратки нозете. Луѓето не можат да се воздржат да не кажуваат лаги, дури и тогаш кога се свесни дека другите ја знаат вистината, дури и тогаш кога знаат дека лагата ќе им направи поголема штета од вистината.

Едно е сигурно, лагата не може да биде правилно оружје во ниту една ситуација. Колку и во моментот вистината да се чини како поболно решение, на долги стази таа е секогаш поедоставна и поубава од лагата.

Но кој е мотивот зошто луѓето лажат дури и кога се свесни дека лагата им го уништува животот и прави мрежа од компликации околу нив?

Сакаат да се прикажат подобри одошто се

Луѓето често сакаат да се прикажат подобри од што се и да го соберат восхитот на другите. Но задоволството од еден аплауз или од едно „браво“ е многу пократко одошто болката од нашето соочување со себе и фактот дека не сме такви какви што се прикажуваме.

Најчесто другите луѓе се свесни за нечие лицемерие, затоа што делата на една личност не кореспондираат со нивните зборови и сликата која ја градат за себе. Во намера да се прикажат подобри, а не реални, луѓето губат и тоа малку почит што го имале од другите луѓе.

Сакаат да ги наведат другите на некоја акција, која на лажговците им носи некоја полза 

Луѓето кои лажат обично користат лага како средство за манипулација. Исто така луѓето кои лажат се полни со ветувања кои никогаш не ги реализираат.

На пример ако некој ви даде препорака за некое место за летување, а вие се соочувате со сосема друга слика на терен, значи дека има некаква корист од тоа што ви дал лажна препорака и ве навел на таква акција.

Сепак, на лагата навистина и се кратки нозете, а на ветувањето уште пократки, па затоа оној што еднаш ве излажал и изманипулирал засекогаш ја затворил вашата врата за него. Така ќе направи со уште неколку луѓе се додека не остане потполно сам и празен.

Уживаат во туѓите заблуди

Луѓето свесно шират заблуди само да не бидат единствените кои се изложиле на негативно искуство и биле жртви на ефтина манипулација. Со цел да не испаднат наивни и неискусни, луѓето кажуваат заблуди за некои животни искуства со кои свесно ги наведуваат другите да ја гледаат „поубавата страна од приказната“.

На пример жените ги кријат информациите за тоа каков бил нивниот пород, бидејќи не сакаат другите да ги исплашат. Тие исто така се склони да го разубавуваат тој настан, велејќи дека е најубавиот од нивниот живот, за кој медицината вели дека е најекстремниот случај на болка на која едно човечко суштество може да се изложи.