Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира на непрофесионалниот однос на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров, кој за време на прес конференција одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.

Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи, порачаа од АВМУ.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Зошто луѓето лажат
Следната статијаКазни и до 10000 евра за производителите кои нема да ги бележат производите и на албански јазик

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде