За мал број, интелигентните луѓе се пријатни. Тие често причинуваат непријатно чувство со самото свое присуство.

Иритантноста на интелигентните луѓе е заедничка црта. Интелигентните луѓе имаат прилично лош социјален живот и не се стабилно конформирани во заедници.

Зошто предизвикуваат иритација кај другите:

  • Скептичност 

Се што ќе кажете тие ќе ви го стават на тест или некој вид на логична и разумна проверка.

Интелигентните луѓе се доста скептични, но тие не се деструктивни.

Ви даваат прилика да се покажете себе преку дела, тие ве анализираат лонгитудинално и ве проценуваат реално.

Во животот на интелигентните луѓе го имате токму оној простор што го заслужувате и тие кон вас имаат токму онаков однос колку што вредите како човечки суштества.

  • Сигурност

Кога сте во друштво на интелигентни луѓе, немате баш толку голема сигурност во тоа што го кажувате.

Луѓето се навикнати да изнесуваат непроверени тези, непромислени тврдења, полувистини, заблуди од рекла казала извори.

Но во присуство на интелигентните луѓе тоа не поминува баш така глатко.

Токму поради нивната моќ правилно да расудат вие ја губите сигурност да тврдите работи кои се непроверени.

  • Принципелност

Интелиигентните луѓе се принципиелни, точни, прецизни и тие секогаш стојат зад тоа што го кажуваат.

Тие не ви ветуваат во празно се и сешто, освен она што може да го исполнат.

Не доцнат, ги почитуваат другите и нивното време, кога зборуваат не удираат во празно, туку поентираат со секоја реченица.

Принципиелните луѓе не може да ги изманипулирате и да ги наведете да направат нешто што не го сакаат. Тие точно знаат во што се впуштаат.

  • Храброст 

Во секое време знаат што прават или што треба да направат. Бидејќи нивните чекори се помалку во однос на оние кои скитаат по лавиринтот на не знаењето, на другите им изгледаат прилично храбро.

Тие знаат на што треба да изреагираат, а на што не треба да покажат реакција.

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Фенг Шуи правила за поставување на часовникот: Избегнете негативна енергија
Следната статијаДобра вест од Србија: Корона кризата ќе трае уште неколку недели!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде