Зависи од сонот, како ќе го започнеме денот. Научните истражувања покажаа дека е многу важно во кое време ќе заспиеме.

Моментите пред полноќ се дефинитивно најскапоцените, па затоа е многу важно нашето тело да заспие пред 12.

Секоја клетка во телото е поврзана со движењето на Земјата и Месечината.

Областа на мозокот наречена деноноќен тајмер помага да се усогласи движењето и функцијата на секоја клетка во телото со нивото на светлина и темнина во околината. Бидејќи нивото на светлината паѓа под одредена граница, таа испраќа порака преку очите до епифизата, а потоа секоја клетка во телото почнува да ги прилагодува своите функции – објаснуваат докторите.

Фазата од 90 минути пред полноќ е една од најмоќните фази на спиење, бидејќи тоа е периодот во кој телото е исполнето. Тоа нè подмладува на сите нивоа – физички, ментално, емоционално и, верувам, духовно. Таа фаза на спиење едноставно лекува – тврдат докторите.