Човек кој се сака самиот себе никогаш нема да дозволи да си наштети, да навлезе во пороци, да направи некоја неправда или да дозволи да биде нечија жртва. Преку љубовта кон себе, човекот си го трасира сопствениот пат до среќата. 

Иако многу често љубовта кон самиот себе се меша со патолошка љубов кон себе или себичност, има голема разлика помеѓу себичност и автентична љубов кон себе. Себичните луѓе се исплашени и не ги разбираат доволно своите емоции и состојби. Затоа панично се свртуваат кон себе со цел да се заштитат од стравот што го чувствуваат.

Луѓето кои автентично се сакаат себе си, тие се разбираат себе и зад нив стои огромен труд и работа на себе. Разбирајќи се себе си, луѓето кои се сакаат самите себе се полни со разбирање и за другите. Тие никогаш нема да ве осудат за вашите постапки, туку ќе најдат пример од сопствениот живот ќе ви го раскажат и срдечно ќе споделат како тие дошле до решение давајќи ви идеја да го решите проблемот, а не да ве влечаат наназад и да ве саботираат.


Клучни работи кои треба да ги знаете да љубовта кон себе:

  • Вашата љубов кон себе никогаш не смее да зависи од односот на средината кон вас 

Не се казнувајте себе доколку некој не е способен за љубов и не може да ве сака на исправен начин. Односот на луѓето од средината кон вас е менлив и секој на вас гледа од сопствена перспектива.

Тоа не е ваш проблем. Човек што се сака себе си, нема да дозволи да го губи своето драгоценовреме заслужувајќи ги туѓите симпатии. Едноставно тој знае да се носи и со симпатија и поддршка од другите и со навреда и осуда на еднакво достоинствен начин, без да промени ништо во своето однесување.

На тој начин, човекот кој се сака самиот себе, покажува дека другите не управуваат со него и неговите чекори, промени и подвизи зависат само од неговите одлуки и работа на себе.

  • Луѓето што ве сакаат не секогаш прават добро за вас 

Луѓето кои ве сакаат често знаат да бараат од вас да влезете во некој „модел на однесување“ кој тие го замислиле или наследиле како идеја.

Тоа што ќе се спртивставите на нивните барања не значи дека им покажувате нив непочит или дека тие помалку ќе ве сакаат, само значи дека останувате секогаш доследни на себе.

На крајот од краевите каква е таа безусловна љубов ако постојано мора да се борите за неа. Не е секогаш љубов она што се претставува како такво. Едноставно чувствувате во вашиот стомак кога ви е пријатно, а кога не.

Љубов се покажува само преку тоа што ќе се почувствувате испочитувани и уважени, се друго е само лага!

  • Луѓето кои се сакаат самите себе немаат потреба да ги правдаат своите постапки или да се докажуваат 

Кој има време да се доажува и да ги правда своите постапки на другите? А и кому му е гајле што другите мислат.

Тоа што другите мислат е помалку важно, од она што навистина Е и затоа луѓето со самодоверба не го трошат своето време да ги убедуваат другите во некоја вистина, туку ја креираат својата вистина.

Затоа тие нема да си дозволат никогаш да седат на осуденичка клупа и да ги слушаат советите кои не ги побарале од вас.

Автор: Магдалена Стојмановиќ