Денеска има се повеќе родители кои ги користат овие специфични правила и на тој начин уживаат во растењето на своите малечки на поинаков начин.

Марија Монтесори е позната по тоа што создава кратки, мудри и лесни за примена правила кои им олеснуваат на родителите да одгледуваат среќно и самоуверено дете.


Еве неколку правила на Монтесори кои ќе ви помогнат да обезбедите светла иднина за вашите деца:

  • Нека биде сакано и без да заслужи

Првите три години од животот се клучни за развојот на малечкото.

Бидејќи на таа возраст впива се што гледа и слуша, па затоа е важно да му се овозможи слободно да ја изразува својата потреба за движење, јазик и љубов.

  • Почитувајте го дури и кога ќе направи грешка

Сите грешиме, па дури и најмладите членови на општеството можат да залутат.

Но, гледајте на тоа како научена лекција, бидејќи, со ваша помош, малиот учи како да исправа грешка.

Важно е само да го почитувате и во тој момент.

  • Дајте му право на избор

Ако детето порасне во атмосфера каде што неговото право на избор секогаш се почитува. Тоа ќе се чувствува исполнето и неговата самодоверба ќе расте.

  • Охрабрете ја неговата љубопитност

Секое дете е мал истражувач, но од вас зависи дали неговата љубопитност ќе се развие во вистинска насока или ќе згасне.

Следете го она што го прави и како се однесува, слушајте го и потоа помогнете му да ги насочи сите свои капацитети во областа на неговиот интерес.

  • Бидете секогаш културни

Ако сакате вашето малечко да порасне во добро воспитана личност, имајте на ум дека тоа зависи и од вас.

Затоа обидете се да му дадете добар пример, да бидете културни, одмерени и учтиви во секое време.

  • Бидете негова поддршка

Неопходно е детето да биде опкружено со мир и љубов.

Бидејќи на тој начин ќе чувствува дека сте негова поддршка во секој момент, што поволно ќе влијае на неговото ниво на самодоверба.

  • Избегнувајте критики

Кога постојано го критикувате вашето дете, вие всушност го учите како да ги суди другите.

Се чувствува задоволно кога прави нешто добро, а тоа му дава задоволство и мотив да продолжи понатаму.

ИЗВОРНовости
претходниот член,Љубовта кон себе нема никаква врска од односот на средината кон вас?
Следната статијаНастава на мајчин јазик за Македонците од Албанија е мисловна именка и во 21 век

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде