Додека другите видови овошје се богати со вода, што ги прави освежителни, авокадото исто така содржи значителна количина на маснотии. Мастите секако не се непријател и без нив не би функционирале.

Клучот е во изборот на вистинските видови масти, вклучувајќи ги и оние кои се наоѓаат во јаткастите плодови, маслиновото масло, рибата, но и авокадото, пишува Живим.

Со секојдневното јадење авокадо, ќе консумирате богат извор на масти, но без страв дека ќе се здебелите. Богат е со мононезаситени масти, кои го поттикнуваат здравјето на срцето.

Ова овошје нуди и повеќе од 14 минерали, есенцијални амино киселини, влакна, витамини од Б-комплексот, витамин К и многу повеќе. Без нашето здравје, немаме многу, а за да го заштитиме на долг рок, треба да се свртиме кон урамнотежена, стабилна исхрана.

Не само што добиваме голем број на хранливи материи од авокадото, туку помага и во контрола на холестеролот. Со текот на времето, хранливите материи кои се наоѓаат во авокадото ќе ве заштитат од болести како што се рак, срцеви заболувања, мозочни заболувања, дегенеративни состојби на очите и многу повеќе.

Во едно истражување, истражувачите ги следеле навиките во исхраната на луѓето кои јаделе авокадо. Речиси 18.000 луѓе учествуваа, а беше откриено дека оние кои јаделе авокадо биле многу поздрави од оние кои го избегнувале.

Авокадото навистина може да направи чуда за сите аспекти на вашето здравје и затоа го заслужува своето место во чинијата. Ова се само некои од неговите придобивки:

  • Добро е за здравјето на очите
  • Помагаат при слабеење
  • Го регулира нивото на шеќер во крвта
  • Има антиканцерогени и антиинфламаторни ефекти
  • Ја ублажува болката и помага при артритис
  • Одржува здрав имунолошки систем
  • Одличен е за кожата
  • Помага при лош здив

Не треба да јадете цело авокадо секој ден. Жените можат да изедат 140 грама авокадо, а мажите малку повеќе – 175 грама да се додадат во еден дневен оброк. Имајте на ум дека само авокадото нема да направи чуда за цревата, туку неопходно е вашата исхрана да биде избалансирана и да бидете физички активни.