Иако многумина од нас, конзумираат салата само во својство на предјадење, или како „закуска“ пред главниот, обилен и калоричен ручек, сепак тоа е погрешен начин на исхрана.

Салата не се јаде како пред јадење, дури ни во текот на внесување на самиот оброк.

Постојат научни аргументи зошто салатата треба да се третира како самостоен оброк и доколку конзумирате салата најмалку еден час по оброкот не би требало да внесувате друга храна.

Наместо да послужувате марула во салата и одделна порција со пилешко месо и леб. Обединете ги состојките во една порција и заштете на време за послужување!

Правилно варење

За максимално искористување на придобивките од зеленчукот што го конзумирате во салатата, потребно е да му дадете на вашиот дигестивен систем доволно време целосно да ја свари храната и правилно да ја „прераспредели“.

Доколку го оптеретите вашиот желудник со секаква храна, зеленчукот може да го изгуби својот приоритет за влез во крвотокот и да се исфрли од организмот како отпадна материја.

Заситување

Кога сте гладни, јадете пребрзо како би ги задоволиле вашите потреби за храна.

Но доколку по салатата направите пауза од еден час, ќе сфатите дека вашите апетити се задоволени и следниот внес на храна ќе биде во помала количина, така се штитите од прејадување.

Заштеда на време

Наместо да подготвувате предјадене, па главно гадење, сите состојки може да ги искористите во салатата. На пример додадете го стекот во марулата и ќе добиете вкусна цезар салата.

На тој начин ќе заштедите време за подготовка и служење на две различни порции од оброкот.