Врховното народно собрание на Северна Кореја воведе забрани за пушење на некои јавни места за да им обезбеди на граѓаните „хигиенска средина за живеење“, објави државниот медиум КЦНА.

Законот за забрана на тутун има за цел да ги заштити животот и здравјето на Севернокорејците преку засилување на законските и социјалните контроли врз производството и продажбата на цигари, рече КЦНА во четвртокот, цитирајќи го законодавниот дом.