Еден од највпечатливите велигденски обичаи е бојадисувањето на велигденските јајца. Овој обичај се верува дека има корен во историјата, односно неговата симболика се базира на вистинита случка од страдањата не Исус.

Имено, денот кога тој е распрнат на крст – или Велики петок, од неговото тело протекува црвена, топла крв. Во публиката, во непосредна близина на крстот стоела Марија Магдалена. Во нејзината крошна носела јајца што ги купила од пазарот, а по распнувањето на Исус, неговата крв ги потопила јајцата од крошната на Марија Магдалена Затоа денешните домаќинки, првите јајца на Велики четврток ги бојадисуваат токму во црвена боја.

Разновидноста на традицијата придонела овој обичај да се модифицира, па индистријата за производство на бои за јајца денеска изнаоѓа креативни начини како да им понуди што е можно поиновативни и покреативни решенија на домаќинките за нивните велигденски јајца да се што е можно повпечатливи и поубави.

Правилото е дека, на Велигден треба да се бојадисуваат јајца само во црвена боја.