Полицијата во Минск уапси студенти кои одговорија на повикот на опозицијата да учествуваат во национален штрајк.

Полицијата почнала присилно да ги апси студентите кои биле во поворка од околу 100 луѓе во центарот на Минск и да ги става во полициски возила.

Во исто време, пред зградите на факултетот во Минск, групи студенти се собрале да го изразат своето незадоволство од државната политика на мирен протест.

Вчера истече ултиматумот што опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја му го даде на сегашниот претседател Лукашенко.

Клучните барања во ултиматумот се оставка на Лукашенко, прекин на насилството и ослободување на политичките затвореници, објави ТАСС.

Опозицијата ги повика граѓаните да започнат генерален штрајк од денес, но претставникот на белоруската влада изјави дека белоруската индустрија работи како и обично и дека производството не е запрено.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Денеска времето сончево
Следната статијаСУПЕР-МИКРОБ КОЈ Е ОТПОРЕН НА ЛЕКОВИ, ГИ ПРЕПЛАВУВА БОЛНИЦИТЕ ТЕШКО ПОГОДЕНИ ОД КОВИД-19

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде