Архитектурата е една од 7те убави уметности. Покрај димензија на „убавото“ архитектурата ја има и димензијата на практичноста бидејќи се однесува на организација на простор кој се користи за специфични намени од страна на луѓето.

Таа има за цел да го спои „убавото и корисното“ односно да внесе „уметност“ во чистата прагматика.

Футуристичката архитектура своите историски корени на потекло ги лоцира во раниот XX век следејќи го расколот на модернистичките правци во уметноста воопшто.

Футуризмот во архитектурата се заснова на примордијалната идеја за пренесување на желбата за подинамична иднина која го имплементира развојот на техниката и технологијата, но дизајнирањето на просторот исто така требал да ја репрезентира „реалноста“ во потенција.

Архитектите на футуризмот како што се италијанските архитекти, пред се Гиакомо Бала, имале за цел да ја претстават непосредната реалност на луѓето од иднината која има потенцијали за развој видливи во сегашноста.

Футуризмот не е само желба и предвесништво, туку е доследно извлекување на последици преку познавањето на актуелната сегашност.

Архитектите препознале дека промената станува реалност и таа ќе биде константна во иднината.

Претпочувајќи ја филозофијата на промената во архитектонско остварување, тие создале градби кои се одликувале со динамика, наметната брзина во менување на просторот која се добива преку кршење на линијата и секако чувство на „ургентност“ и брзина кој впечаток се постигнал преку внесување на повеќе форми во „кршење на просторот“.

Зошто футуристичката архитектура е олицетворение на реалноста која ја живееме денеска?

Нашата најнепосредна реалност е пандемијата предизвикана со КОВИД19. Таа донесе многу промени кои беа сосема неочекувани и нагли и кои бараат брзи, практични и сигурни одговори и прилагодувања на новонастанатите состојби.

Карактеристика на динамичност, брзина, густина во реакцијата, но и задржувањето на функционалноста го имаат и архитектонските остварувања на футуристите.

Една од најпознатите футуристички архитектонски дела е  фабрика „Лингото“ во Торино. Со својата тест патека на покривот, овој објект беше признат во 1934 година како прв футуристички изум во архитектурата.

Дотогаш се сметало дека футуристичката архитектура може да се примени само во монументални градби и објекти на кои не е потребна поголема густина на мал простор и орнаментика.

Автор: Магдалена Стојмановиќ