дома информација вест Зголемени капацитетите на Клиниката за пуломологија

Зголемени капацитетите на Клиниката за пуломологија

Зголемен бројот на пациенти кои се појавуваат на прегледи и контроли во модуларниот оддел

367
0

За еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија.

Со ова пациентите се одделуваат од сите други пациенти во останатите амбуланти, кои претходно беа на едно место, а на овој начин се намалува ризикот од трансфер на корона вирусот на пациентите кои доаѓаат во Клиничкиот центар и за друга симптоматологија.

Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови, изјави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

претходниот член,Нов Зеланд е земја во која најмоќните лидери носат потпетици
Следната статијаДенеска е светски ден на храната, скоро секоја минута по едно лице умира од недостаток на храна

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде