дома информација вест Нов Зеланд е земја во која најмоќните лидери носат потпетици

Нов Зеланд е земја во која најмоќните лидери носат потпетици

Во тек е кампања за претстојните избори во Нов Зеланд

267
0

Според анкетите фаворитот на претстојните избори е актуелната премиерка Јасинда Ардерн која доби најмногу симпатии во текот на пандемијата бидејќи ја направи Нов Зеланд, единствената земја која дури два пати успеа да го победи целосно корона вирусот и да дојде до број на активни случаи – 0.

Нејзината опонерка е Џудит Колинс, која е кандидирана од страна на „Националната партија“ на Нов Зеланд. Според некои анкети Џудит Колинс е сериозна опасност за премиерското место на Јадинда Ардерн.

Јасинда Ардерн е кандидат на „Работничката партија“ на Нов Зеланд и лидерка која успеала од просечен работник на шалтер и продажба на билети да стане најважната политичка фигура во Нов Зеланд.

Џудит Колинс, пак е втортата жена лидер на „Националната партија“ и зад себе има успешна кариера како политичарка.

Двете лидерки на партиите за претстојниве избори немаат машки конкурент, што многумина ги наведе да ја наречар Нов Зеланд – земја која произведува моќни лидери што носат потпетици.

претходниот член,Кинеската вакцина против КОВИД19 досега се покажа како најефикасна во фазите на тестирање
Следната статијаЗголемени капацитетите на Клиниката за пуломологија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде