Министерството за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија кон Македонија.

По данското министерство за надворешни работи, се огласи и Министерство за надворешни работи во Холандија и ги демантираше медиумските наводи дека го подржува ветото на Бугарија кон Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Ова потврдува дека Бугарија е осамена во намерата за блокирање на евроинтегративните процеси на Македонија поради билатералните спорови.

Сите држави од ЕУ сметаат дека Бугарија и Македонија треба да го решаваат спорот билатерално без да се вклучува членството во ЕУ како услов.