Најновиот вирусен бран со новиот сој на вирусот, не се споредува со минатите бранови.

Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека на заболените граѓани се случува многу побрзо и неочекувано да им се влоши состојбата, дури и после првиот контакт.

Во овој бран, заболуваат и млади луѓе и последиците и кај нив може да бидат исклучително сериозни, дури и фатални. И важно е, да се има предвид дека повозрасните граѓани, кои не се движат колку младите, сепак се доведуваат во ризик, поради можноста да им биде донесен вирусот дома. Затоа, клучно е да се ограничи бројот на контакти, коишто ги правиме со други луѓе – рече премиерот.

Заев апелира до граѓаните да седат дома и да не се групираат.

Тој кажа дека новите мерки се воведуваат во пресрет на празниците, со цел да се овозможи празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој, со саканите на број и на трпезата во домот.

Ова е моментот кога треба да се исправиме најсериозно и најодговорно и да се заштитиме и себеси и нашите најблиски. Повикувам на максимална одговорност од сите. Сите заедно да се спротивставиме на ширењето на опасниот вирус. Сите заедно овие две недели да се исправиме и да го возвратиме ударот врз тековниот Ковид бран – рече Заев.