Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија и дека не се расправа за отстапки туку за решенија помеѓу двете страни.

Во меѓувреме и од бугарската страна омекнување на позициите – бугарскиот премиер, Бојко Борисов, рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија.

Тој додаде дека, тоа воедно мора да биде посакувано и спроведено од двете страни.

САД ја повтори позицијата дека Бугарија и Северна Македонија треба да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите и дека влезот на земјата во ЕУ го гледаат како заеднички напредок.