Американската агенција за општи работи (ГСА) го извести новоизбраниот претседател о Бајден дека администрацијата на Трамп е подготвена да го започне процесот на транзиција, односно трансферот на власта, објави Си-Ен-Ен.

Денес, преодниот тим на Бајден доби писмо од директорката на ГСА, Емили Марфи, која беше назначена од Трамп на таа позиција, за да може официјално да започне транзицијата.

Си-Ен-Ен додава дека ова писмо е првиот чекор преземен од администрацијата за да го признае поразот на Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, што се случува повеќе од две недели откако Бајден беше прогласен за победник по проекцијата на американските медиуми.