Тројца војници беа убиени во понеделникот при пукање во воена база во Русија, а сторителот е војник кој е вооружен и е во бегство, објавија руските новински агенции.

Тројца војници беа смртно ранети во нападот. Командантот на воената единица и безбедносните сили презедоа мерки за пронаоѓање и апсење на напаѓачот, изјави за Интерфакс портпаролот на западниот воен округ.

Нападот се случи во раните утрински часови во регионот Воронеж, град во западна Русија, рече истиот извор.

Напаѓачот од таа воена база го грабнал офицерското оружје, пукал и е во бегство, јавува агенцијата ТАСС.

Според извор цитиран од Интерфакс, пукањето се случило на аеродромот во Балтимор кај Воронеж во административните простории на армијата.

Во октомври 2019 година, руски регрут уби осум лица со огнено оружје во воена база во Сибир, а во писмото што го остави тој напиша дека реагирал на „пеколот“ што му го подготвиле со иницијација во армијата.

Воената служба во Русија е задолжителна за период од една година за мажи на возраст од 18 до 27 години, иако значителен дел од населението се обидува да го избегне тоа на различни начини.

Иницијацијата е еден од најтешките проблеми во руската војска од 90-тите години на минатиот век, иако ситуацијата во последниве години е нешто подобрена.

Невладината организација за заштита на човековите права наведува дека ритуалите на кои се подложени регрути се уште се многу чести.