Луѓе кои немаат самодоверба не поставуваат високи цели пред себе. Напротив тие сметаат дека секој нивен обид ќе заврши неславно и неуспешно па и не се осудуваат да го направат.

Но за да се изгради самоувереност мора да се доживее и личниот успех. Ако во минатото поединецот не доживеал успех, тој секогаш ќе се сомнева во своите способности.

Може да кажеме дека самодовербата и амбициозноста се каузално поврзани, но нема самодоверба без претходна работа на себе и постигнување на успеси.

Зошто самоуверените мажи се подобри партнери?

Тие не ја гледаат жената како нивно огледало и таа не ги потврдува, ниту негира.

Имаат јака индивидуалност и ги знаат границите на сопствениот личен простор, но и на туѓиот.

Жените кои се во врска со самоуверени мажи имаат поголема слобода и се позадоволни, токму затоа што самоверениот маж не се меша во личните одлуки на неговата партнерка и пред се ја почитува како личност, а потоа и како негова сопатничка.