Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици.

Минималната дневна температура ќе изнесува 17 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.

И покрај заладувањата кои следуваат следниот период, од викендот повторно ќе се забележи раст на дневните температури.