Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска и се обрати на јавноста од зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Вучиќ се осврна и на средбата со амбасадорите на Квинте.

Важно е да ви кажам дека конфликтот во Нагорно Карабах покажува дека замрзнатиот конфликт може да ескалира во секој момент. Ситуацијата околу Косово и Метохија денес не е подобра за нас, ниту ќе биде полесно во наредните месеци. Не смееме да ги оставиме нашите деца во замрзнат конфликт. На Кавказ, видовме дека светот, освен најавите, не е подготвен да реагира. Беше очигледно дека рамнотежата на силите во светот се смени и дека на никој не може да му се верува. Затоа ќе работиме на понатамошно зајакнување на нашите одбранбени капацитети и нашата армија – рече Вучиќ.

Тој ја предупреди јавноста дека може да се случи конфликт, како и дека Србија ќе стори сé за да ги продолжи преговорите и да спречи вакво сценарио.