И покрај најавите на метеролозите дека ќе дојде до намалување на температурите во следните неколку денови, од утре повторно не очекува топлотен удар.

Времето денеска: Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

УВ индексот ќе изнесува 9 мерни единици.

Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 18, а највисока 38 степени.

Времето утре: Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

УВ индексот ќе изнесува 9 мерни единици.

Најниската дневна температура ќе изнесува од 14 до 23 степени, а највисоката дневна температура ќе достигне високи 34 до 41 степен.

Лекарите потсетуваат на препораките за неизложување на сончева топлина во период од 11 до 17 часот за бремени жени, хронично болни и стари лица.

Од ЦУК потсетуваат на забраната за движење во шуми и апелираат на зголемена внимателност со фрлање на отпадоци, особено отпушоци од цигари во овој период.

Да потсетиме пожарите кои ја зафатија Македонија во изминатите неколку дена, се ставени под контрола, но опасност од појава на нови пожари под вакви временски услови се уште не е исклучена.