Имено, една студија покажува дека мирисот на антисептици го ублажува гадењето.

Како што е наведено во ова еминентно професионално списание, неопходно е да се чува марамче натопено со антисептик пред носот на растојание од околу пет сантиметри.

Неговиот лут мирис треба да се вдишува приближно една минута, со длабоко дишење. Потоа се одмара една минута, по можност со затворени очи.

Оваа постапка води кон смирување на центарот во мозокот кој ја контролира гадењето и дава ефекти во дури 75 проценти од случаите. Доколку е потребно, може да се повтори, бидејќи е сосема безбеден.

Навики пред патување кои ја ублажуваат мачнината
  • Квалитетен сон 

Многу е важно да имате долг и непрекинат сон во времетраење од 8 часа пред долго патување.

Сонот го стабилизира нервниот систем и ви дава пријатно чувство на одморност.

Раздразнетоста на нервниот систем е најчеста причина за појава на мачнина при патувањето.

  • Течна храна 

Не внесувајте тешка храна најмалку 3-4 часа пред патувањето. Строго избегнувајте брза или зачинета храна.

Наместо тоа, одлучете се за супа, смути или некоја друга течна храна која брзо се вари и не го стимулира неконтролираното лачење на желудникова киселнина.

  • Избегнувајте газирани пијалоци

Засладените газирани пијалоци може да ја нарушат флората желудникот како резултат на што можно е да се појават мачнини.

Од газираните пијалоци, може да конзумирате само газирана вода, пред или за време на патувањето.

  • Алкохолот е штетен 

Алкохолот е генерално штетен, но особено е опасен за луѓе кои се справуваат со проблеми со варење, мачнини и вртоглавици.

Вртоглавиците може да се умножат со претерана употреба на алкохол.

Па ако сте љубител на некоја чашка повеќе, стрпете се додека да стигнете на посакуваната патувачка дестинација.

Избегнувајте алкохол пред и за време на патување!