Променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Ќе следи драстично намалување на температурите, па подгответе ја вашата есенска облека за новонастанатите температурни разлики.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 11, а максималната дневна ќе достигне 19 степени.