Вода е неопходна за живот и затоа треба да ја внесуваме дневно барем во количина од 1,5 литри.

Но освен тоа што е важно колку вода пиеме, важно е и каква вода пиеме.

Прашањето е дали е подобро да избереме вода од шише или вода од чешма, минерална или обична вода?

Одговорот е следен:

  • Вода од чешма

Секогаш кога имате можност да се напиете вода од чешма направете го тоа. Водата од чешма е посвежа отколку флашираната вода.

Но внимавајте, таа да е бактериолошки исправна и најдобро е да ја пиете само во средините каде што живеете постојано.

На ново место никако не ја користете водата од чешма за пиење бидејќи нејзиниот состав може да е различен, а поголемото или помалото присуство на минерали и други микроорганизми да ви создаде проблем во системот за варење.

Уште една предност на пиење на вода од чешма е што немате нус појава – загадување на околината со пластика!

  • Флаширана вода 

Кога сте на пат, во кола, автобус, авион и сл. најдобро е да изберете флаширана вода поради тоа што е полесна за транспорт.

Некои видови на флаширана вода содржат додатоци од редок минерал, како на пр. магнезиум или јод и затоа се препорачува да ги пиете во случај на недостиг на тој минерал.

  • Газирана вода 

Газираните пијалоци го забрзуваат процесот на варење. Така што многу луѓе се одлучуваат да ги пијат по обилен оброк.

Но газираната вода исто така може да ви направи чувство на надуеност поради што е полош избор од обичната вода, но поради отсуство на шеќери е секогаш подобар избор од газираните и засладените пијалоци.