дома информација вест Во Ватикан почна судење на двајца свештеници за сексуална злоупотреба на малолетно...

Во Ватикан почна судење на двајца свештеници за сексуална злоупотреба на малолетно момче

Ватиканскиот кривичен суд почна постапка против двајца свештеници

380
0

Во ватиканскиот кривичен суд денеска започна судењето на двајца свештеници.

Во процесот, едниот е обвинет за сексуално злоставување на момче, а другиот како помошник за прикривање на тоа дело.

Обвиненијата на глас беа прочитани во судницата, што е првпат Ватикан детално да опише случај против свештеник, од кои едниот бил постар ученик на богословија во време на злоставувањето, кое го опфаќа периодот од 2007 до 2012 година, додека другиот тогаш бил ректор на семинар за млади.

Настанот се случил во палатата на Свети Пија X во рамки на Ватикан, преку пат од местото каде живее поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Извор: Нова Македонија