Граѓаните на Србија засега имаат на располагање вакцини од „Фајзер“ и „Бионтех“, од „Синофарм“, „Спутник V“, а во недела пристигнуваат и вакцини од британскиот произведувач „АстраЗенека“.

Станува збор за 150.000 вакцини кои веќе од понеделник ќе се најдат на изборната листа за граѓаните кои доброволно се пријавуваат за вакцинација во Србија.

Србија донираше 4680 вакцини од произведувачот „Фајзер“ на Македонија, со што официјално започна процесот на имунизација во земјата.

Покрај донацијата, Србија остава можност за вакцинација во нивната држава за странски државјани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде