Грчките власти презедоа две приватни клиники во Солун додека јавните болници се обидуваат да се справат со зголемувањето на бројот на новозаболени од корона вирус.

Грчкото Министерство за здравство објави дека приватните болници го одбиле барањето за обезбедување кревети на доброволна основа за лекување на пациенти со ковид-19.

И покрај напорите, не најдовме заедничко прифатливо решение – соопшти Министерството, додавајќи дека започнало со присилно преземање на двете клиники заедно со персоналот.

Едната клиника има 110 кревети, а другата 140.