Поради тоа што денеска има висока делегација од Германија, на чело со претседателот Штајнмајер, приватните превозници одлучија синоќа да се повлечат од пред „Мавровка“ и да ја одблокираат крстосницата.

Сепак од „Слобода превоз“ велат дека доколку до петок не биде постигнат никаков договор, тогаш ќе ги блокираат сите крстосници.

Според него, точно кои се крстосници и фрекфентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако претставници на приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат кои се чекори ќе ги превземат понатаму. Сепак, како што истакна Јовановски, граѓаните за секоја нивна одлучат ќе бидат навремено информирани.

Возачите на автобусите се револтирани. Првиот човек на „Слобода превоз“ вели и дека и покрај сите тврдења, тие како групација поседуваат 131 автобус, а приватните превозници од „Макекспрес“ пак располагаат со 77 автобуси.