Многу привилегии имаат жителите на Обединетите Арапски Емирати. Тие не плаќаат данок на приход, без разлика колку пари заработуваат. Тие со пасошот кој е 17-ти најмоќен во светот, можат да патуваат без виза во 174 држави.

ОАЕ се федерација од седум емирати: Абу Даби, Дубаи, Шарџа, Рас ел Хајма, Аџман, Ум ел Кајван и Фуџејра. Имаат бесплатно здравство, бесплатно сместување, бесплатно образование. Туристите и луѓето кои живеат во Обединетите Арапски Емирати без државјанство можеби ќе треба да платат многу висока цена за посета на лекар, жителите на земјата имаат бесплатно здрвство.

Доколку жителите исполнуваат одредени услови, можат да добијат дом од државата. Некои добиваат и грантови или делумна финансиска помош за да си купат свој дом. Кога ќе почине жител на оваа земја, владата финансира подигање на шатор покрај домот на жителот, каде што семејството и саканите можат да го одржат погребот. Оваа земја високо котира и на сите листи на најбогати држави во светот.

ИЗВОРФактор.мк
претходниот член,Во петок цело Скопје ќе биде блокирано
Следната статијаКако во време на пандемијата, Унгарија ги затвора библиотеките, театрите и теретаните поради енергетската криза

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде