Кога станува збор за социјалните суштества, излегува дека лагата може да биде сврзното ткиво што го сочинува општеството …

Колку е поголемо општеството во кое се наоѓате, толку се поголеми шансите да лажете или да измамите, откриле истражувачи од Универзитетот во Монтреал, Северозападен, Илиноис и Бизнис школата на Харвард, кои го спровеле истражувањето паралелно.

Нивната проценка е дека поголем број луѓе нè доведува во поконкурентни ситуации и дека е пореално дека во поголема група ќе имаме чувство дека лагата е прифатлива.

Во голема група, може да имаме поголемо чувство дека е полесно да се прикрие, да речеме, мамење на испит или лага, бидејќи луѓето имаат помала веројатност да се концентрираат само на она што го правиме или зборуваме, додаваат истражувачите.