Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2021 година во споредба со ноември 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.9 %, а реално за 8.9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15.0 %, а реално за 12.8 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 14.5 %, а реално за 10.9 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 45.3 %, а реално за 9.9 %).