Многу често имате чувство дека сте сити и покрај тоа што не сте внеле храна со часови.

Доволно е да се напиете вода и веќе исчезнува потребата за храна.

Ќе слушнете дека летото е тешко поради високите температури, па затоа и не е време за тешка храна.

Ова тврдење е апсолутно погрешно и тоа што немате апетит не значи дека вашто тело има помала потреба од храна, напротив во лето има поголема потреба од храна.

Лето е период кога се потиме, трошиме многу електролити и исфрламе минерали од нашето тело.

Минералите не можеме да ги надокнадиме на друг начин освен преку нивната застапеност во храната која ја конзумираме.

Водата содржи минерали, но таа не содржи витамини и не ги содржи сите минерали.

Поради потењето и зголемена активност на системот за ладење и лачење, треба да внесувате повеќе храна, но во течна состојба.

Потребно е да продолжите да јадете и месо, но со единствена разлика тоа да е составен дел на течна храна.

Летните чорби и супите на база на место се одличен избор за вас.

Поголемиот дел од храната што ја јадеме во летниот период треба да е на течна база, бидејќи на тој начин се овозможува и побрза и поефикасна апсорција на водата во организмот.