Податоците на Министерството за финансии и економија покажуваат дека на почетокот на годинава увозот на кафе за месец јануари е намален за 30 отсто во однос на јануари лани. На почетокот на 2023 година увезени се 534 тони кафе. Тоа е најмала количина од 2019 година.

Увозот на кафе за 2022 година е намален за 14 отсто во однос на 2021 година. Од Здружението на кафеани и ресторани објаснуваат дека на намалувањето на увозот влијаеле високите цени на кафето.

Додаваат дека многу оператори направиле залихи во декември. Претходно во Бразил и Виетнам, земји производители на кафе имаше штети на насадите. Тие беа уништени поради мраз, но и климатските промени доведуваат до помало производство и затоа цената расте.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Светот на наивата во делата на Љуба Поповиќ
Следната статијаКако ВИ може да ги надмине комуникациските шумови?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде