Фиат ќе произведува електричен автомобили во Крагуевац, производството се очекува да започне во 2024 година.

Договорот со корпорацијата Стелантис предвидува инвестиција вредна 190 милиони евра, а Србија ќе вложи свои 48 милиони евра, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со претставниците на Стелантис.

Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац. Има преоден период до 2023 година, а од почетокот на 2024 година ќе започнеме со производство на еден модел на електричен автомобил, рече Вучиќ.