Витаминот Ц ја стимулира физиолошката реакција на нашето тело на топлина и го намалува стресот во клетките предизвикан од топлината.

Ја намалува можноста за развој на болести и состојби предизвикани од топлина (топлински осип и исцрпеност предизвикана од високи температури).

Витаминот Ц е ефикасен дури и кога осипот веќе е развиен – ќе помогне да исчезне. Редовното дневно внесување на овој витамин може да го скрати и времето кое ни е потребно да се прилагодиме на ненадејниот топлотен бран.

Ги штити потните жлезди и ја регулира брзината со која тие ја излачуваат потта и ја намалува телесната температура. Некои студии покажаа и дека витаминот Ц е природен антихистамин и моќен антиоксиданс, пишува Живим.

Ја заштитува кожата

Витаминот Ц може да помогне да се намалат симптомите на алергија и сезонскиот алергиски ринитис. Како антиоксиданс, може да помогне во заштитата на клетките од распаѓање и уништување бидејќи го стимулира производството на колаген, растот и поправката на ткивото.

Сето ова ќе придонесе за заштита на кожата од штетните ефекти на сонцето. Доколку се нанесе директно на кожата, витаминот Ц ќе ја намали штетата предизвикана од ултравиолетовото зрачење, а во комбинација со витаминот Е ќе спречи изгореници предизвикани од прекумерно и неконтролирано изложување на сонце.

Исто така го зајакнува имунолошкиот систем и штити од летни настинки. Ја зголемува способноста на телото да се бори против вирусни и бактериски инфекции.