Кога не треба да користиме омекнувач?
- Ткаенини од микрофибер
Благодарение на силните испреплетени нишки, ткаенините од микрофибер се исклучително издржливи и имаат одлични впивачки својства.
Ако ги третирате со омекнувач, полека ќе ја уништите нивната ефикасност и ќе го скратите рокот на траење на влакната.
- Спортска облека
Повеќето спортска облека е технолошки прилагодена на тешко потење, т.е. ја впива потта од кожата и ве разладува при физичка активност.
Омекнувачот остава слој на нив кој ги спречува да ги апсорбираат телесните течности.
- Крпи
Сите сакаме меки и миризливи крпи, но омекнувачот ги спречува во нивната основна функција – апсорпција.
Како и кај спортската облека, омекнувачот остава тенок слој восок на крпите за тие повеќе да не впиваат вода како што треба.