Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров е позитивен на коронавирус, денеска веста ја сподели на својот фејсбук профил.
Според она што го истакна за јавноста, тој случајно открил дека е позитивен бидејќи морал да направи тест пред патување во Луксембург.
Засега не откри каква му е здравствената состојба.
– Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин“. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите! – напиша вицепремиерот за европски прашања во својата објава.