Нутриционистите препорачуваат 8 здрави намирници кои можете да ги јадете навечер без страв од дебелеење.
- Сирење
Сирењето е добра ноќна ужина ако ја јадете во умерени количини, што значи неколку коцки.
Содржи многу протеини, така што ќе ве засити до утрото.
Ако се одлучите за младо сирење, тоа ќе биде полн погодок.
Имено, младото сирење содржи многу казеин, млечен протеин богат со аминокиселини, кој полека се распаѓа и го зголемува чувството на ситост.
- Хумус
Хумусот е одличен извор на протеини, особено ако е домашен.
Ако сте гладни, морковите или стапчињата целер натопени во хумус се одлична опција.
- Грчки јогурт
Истражувањата покажаа дека грчкиот јогурт е совршена закуска во доцните часови на ноќта.
Има многу протеини, малку маснотии и малку шеќер.
Додадете малку овошје како јагода, кое сега е време, да го направите уште повкусно.
- Крекери
Направени од цели зрна, крекерите содржат нискокалорични сложени јаглехидрати.
Со парче сирење, посно сирење или хумус, ова е здрав и исполнет вечерен оброк.
- Пуканки
Ова може да ве изненади, но пуканките се всушност добра вечерна закуска.